Легендата на холандската репрезентација, Кларенс Сидорф е нов селектор на Камерун, откако африканската нација не успеа да склучи договор со Свен-Горан Ериксон.
На поранешниот играч од средниот ред на Милан и Реал Мадрид прв асистент ќе му биде поранешниот соиграч, Патрик Клајверт. 42-годишниот Сидорф претходно беше тренер на Милан и на кинескиот Шенжен, а минатата година не успеа да ги спаси Депортиво Ла Коруња од испаѓање во втората лига.
Сидорф го заменува Хуго Брос на чело на репрезентацијата и прва задача ќе му биде домашниот Африкански куп на нации во 2019 година. Камерун, една од историски најуспешните фудбалски африкански нации, не успеа да се квалификува на СП во Русија оваа година.