Top Sport

Камерунците се вратија од 0-3 и ја освоија бронзата на Африканскиот куп

Камерун, со сензационален пресврт, успеа да го освои третото место на Африканскиот куп. Камерунците губеа против Буркина фасо 0:3, успеаја да израмнат, а потоа по изведувањето на пенали да слават победа.

Камерунскиот селектор дуелот за третото место го започна до фудбалери кои не играа многу во претходните натпревари. Буркина фасо, го искористи тоа и во првиот дел постигна два гола. Јаго погоди во 24.минута, а во 43.минута, голманот Онана си постигна авто-гол.

На стартот од вториот дел, во 49.минута, Аутара го постигна третиот гол и се чинеше ѝ донесе на својата репрезентација недостижна предност.

Бахонен во 72.минута намали на 1:3, а потоа најдобриот стрелец на турнирот Абубакар во 85. и 88.минута израмни на 3:3.

Според правилата веднаш започна пенал серијата. Онана одбрани пенал во третата серија и му го донесе третото место на Камерун.

Scroll to Top