Top Sport

Камерунците за овој играч тврдат дека е 17-годишно момче

Спрдачина на африканското првенство. Камерун тврди дека станува збор за 17-годишно момче
Нејтан Дуала, анонимен фудбалер од камерунската Викторија Јунајтед, стана глобален хит.

Имено, Фудбалскиот сојуз на Камерун, по најавата на селекторот Ригобер Сонг дека го носи споменатиот играч на Африканскиот куп на нации, континенталниот шампионат кој започнува во јануари, напиша дека Дуала, кој се уште нема играно за сениорскиот тим , е роден во 2006 година.

Дуала потоа стана вирален. Поконкретно, снимките и фотографиите од него бидејќи тој воопшто не изгледа толку млад. Неговите слики и исмејувачки коментари за наводниот 17-годишник се шират на социјалните мрежи.

Така, пред почетокот на африканското првенство се појави она што вообичаено го карактеризира, а тоа се контроверзи и скандали. Ова е бизарно затоа што нема ограничување за младоста или возраста на играчите кои можат да настапат на натпреварувањето, така што возраста на играчот нема потреба да се лажира.

Камерунците, од друга страна, ја фалат федерацијата и претседателот Самуел Ето за давање можности на млади талентирани играчи како Дуала. Камерун е бронзен од последното африканско првенство и е еден од фаворитите на она што стартува на 13 јануари.

Scroll to Top