Поранешниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, смета дека баварскиот гигант ќе мора да ја напушти Бундеслигата за да може да се одговори на растот на клубот.
„Имаше многу идеи, како откажување на правилото на сопственост 50+1 за да се привлечат инвестиции во другите клубови, но тешко дека и така ќе има поголема конкуренција во Баерн. Порано или подоцна, Баерн ќе ја напушти Бундеслигата, а најголемите клубови ќе направат ново натпреварување“, вели 48-годишниот Германец во интервју за „Билд“.
Кан 14 години беше на голот на Баерн, и вели дека би сакал да има улога во клубот.
„Проектите на кои работам сега не ми дозволуваат дополнителен ангажман и затоа ме нема во управата на клубот. Од моето заминување во 2008 година нема големи промени. Клупскиот доктор Милер-Волфарт и тренерот Јуп Хајнкес се уште таму. Разликата е во тоа што во Германија Баерн нема вистинска конкуренција“, објаснува Кан.