Top Sport

Кан го отпушти Нагелсман, сега тој ќе тој ќе добие отказ

Надзорниот одбор на Баерн би можел да го отпушти извршниот директор Оливер Кан на 22 мај поради лошите резултати на клубот од Минхен оваа сезона, тврди новинарот на „Билд“, Кристијан Флак.

Баерн беше елиминиран од Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а во Купот на Германија Баварците беа поразени од Фрајбург (1:2).

Баерн пред повеќе од еден месец го отпушти тренерот Јулијан Нагелсман, а на негово место дојде Томас Тухел. Оваа промена не ги даде посакуваните резултати, бидејќи Баерн на пет кола пред крајот на првенството го загуби првото место на табелата во Бундеслигата.

Кан го замени Карл-Хајнц Румениге како извршен директор на Баерн во 2021 година. Претходно 18 месеци клубот го подготвуваше за оваа функција.

„Кан би можел да биде сменет веќе на 22 мај, тој е најголемиот виновник за лошите резултати, бидејќи тој е првиот оперативец кој одлучува за се. Тој реши да го смени тренерот. На Баерн не му одеше најдобро со Нагелсман, но со Тухел е уште полошо. Челниците на клубот ќе разговараат и за судбината на спортскиот директор Салихамиџиќ, но барем засега единствениот функционер кој ќе остане без работа е е Кан“, наведуваат „Билд“ и „Скај Германија“.

Германските медиуми тврдат дека Баерн планира да го реновира тимот на крајот од сезоната.

„Серж Гнабри и Садио Мане сигурно ќе си заминат од Баерн, а не е невозможно да си замине и Томас Милер кој е еден од симболите на Баерн. И да не ја освои титулата во Бундес лигата Тухел ќе остане тренер на Баерн“, пишуваат германските медиуми.

Scroll to Top