Претседателот на Баерн Минхен, Оливер Кан, по елиминацијата на Баварците од лигата на шампионите проговорил за клупските планови во наредниот период. Кан, потврдил дека Роберт Левендовски и наредната сезона ќе игра во Минхен.
„Не сме будали да пуштиме да си замине играч што постигнува 30 до 40 голови во една сезона. Сигурно уште една сезона ќе биде со нас“, рекол Кан.
Левандовски има договор со Баерн до јуни 2023 година. Наводно, незадоволен што клубот се уште не му понудил нов договор, изразил желба да го напушти Минхен и да се пресели во Барселона.