Мануел Ноер добил скршеница на ногата при скијањње бидејќи „никогаш не слуша никого“, вели лутиот генерален директор на Баерн Минхен и голманска легенда, Оливер Кан.
Ноер заминал на одмор по елиминацијата на Германија во групната фаза на СП во Катар, но на скијање добил скршеница на ногата и потоа со хеликоптер морал да биде пренесен во болница.
„Мануел реши да паузира и му беше потребен одмор поради стресот. Негова голема страст е алпското скијање, но знам дека неколку пати беше предупреден дека има малку снег, дека има карпи под снегот и дека е опасно, но Ноер никогаш не слуша никого. Како резултат на тоа, спасувачите морале да го носат со хеликоптер во болница, а ние го загубивме голманот до крајот на сезоната. Сериозен проблем за тимот. Се надеваме дека Мануел бргу ќе се опорави“, вели Кан.