Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан изјави дека и покрај незадоволството од последните резултатим, клубот има целосна доверба во тренерот Јулијан Нагелсман.
Пред два дена Баерн беше поразен со 1:0 на гостувањето кај Аугсбург, клубот од Минхен првпат по 87 натпревари не постигна гол во Бундеслигата.
За прв пат по 20 години, Баерн одигра четири последователни натпревари во Бундеслигата без победа.
„Немаме никаков контакт со други тренери. Целосно му веруваме на Јулијан“, изјави Кан за „Скај Германија“.
Баерн во следното коло од Бундеслигата ќе игра против Баер Леверкузен.
„Секако дека сите сме незадоволни, нерасположени. Мораме да дојдеме до суштината и мораме да играме офанзивно против Леверкузен. Можеби кај еден или двајца луѓе е вкоренето верувањето дека лесно може да ја завршиме сезоната во Бундес лигата. Но, тоа не е случај“, рече Кан.