Top Sport

Кан: Зидан би бил совршен за Баерн

Зинедин Зидан би бил „совршен“ тренер на Баерн Минхен, ако планира да замине од Реал Мадрид ова лето, вели легендарниот голман на Баварците, Оливер Кан.

Шампионите од Бундеслигата сигурно остануваат без тренерот Јуп Хајнкес, кој го презеде тимот по отпуштањето на Карло Анчелоти, бидејќи тој неколку пати кажа дека не планира да продолжи и следната година.

Околу иднината на Зидан пак, постоеја многу шпекулации посебно по слабите резултати во Ла лига, меѓутоа со импресивниот настап во Лигата на шампиони, каде што бркаат трета титула едноподруго, управата на „кралскиот клуб“ сигурно е импресионирана.

„Секако дека вреди да се размислува за Зинедин Зидан. Според мене, тој е сензазционален. Освои сѐ што можеше со Реал Мадрид и блиску е до трета титула од Лигата на шампионите. Тоа е тренер со совршено резиме за Баерн“, вели Кан.

Зидан неодамна изјави дека сака да остане во Реал и по крајот на оваа сезона, но призна дека неговата работа ќе зависи од неговите резултати.

„Зидан е Французин, но зборува шпански, така што може да научи и германски. Прашањето е што уште може да направи? Беше ѕвезда како фудбалер, сега е ѕвезда како тренер на тим полн со ѕвезди“, додава Кан.

Фото: ЕПА

Scroll to Top