Top Sport

Канада остана без селектор

Англискиот фудбалски стручњак Џон Хердман (48) ја напшти кандаската репрезентација, во иднина ќе го предводи Торонто. Хердман ги помина последните 12 години како вработен во Канадската фудбалска асоцијација.

Најпрвин од 2011 до 2018 година беше селектор на женската репрезентација, а потоа ја презеде и машката селекција со која се пласираше на Светското првенство што се одржа минатата година во Катар. Тоа беше враќање на Канада на најголемата сцена за прв пат по 1986 година. Во Катар ги загубија сите три натпревари, во групата со Хрватска, Мароко и Белгија.

„Лично, ова е вистинско време да се преземе нов предизвик во кариерата“, објави Хердман.

Торонто моментално е на дното во Источната конференција на МЛС со 19 бода од 26 натпревари и сигурно нема да се пласира во плејофот оваа сезона, што е трета година по ред како тимот ја пропушта постсезоната.

Канада, заедно со САД и Мексико, ќе биде еден од домаќините на Светското првенство за фудбалери во 2026 година.

Scroll to Top