Фаворитите од Северна и Средна Америка, забележаа победи во 11.квалификациско коло за пласман на Светското првенство во Катар. Канада победи во Салвадор, а САД и Мексико славеа како домаќини над Хондурас односно Панама.
Канада нема намера да ја испушти лидерската позиција на табелата. Канаѓаните, победија со головите на Хачисон и Дејвид. Канада има 25 бода, четири повеќе од САД и Мексико. Во последните три кола, Канада ќе гостува во Костарика, ќе ја пречека Јамајка и во последното коло ќе игра во Панама.
Канада само еднаш учествувала на Мундијалите, пред 36 години во Мексико.
САД, со 3:0 славеа над Хондурас. Мекени и Цимерман постигнаа по гол во првото полувреме, точка на натпреварот стави Пулишиќ.
Мексико со многу труд успеа да ја скрши Панама. „Сомбрероси“ победија со 1:0. Единствениот гол од пенал го постигна Раул Хименез.
Минимална победа, со која ги задржа шансите за пласман на СП запиша Костарика против Јамајка. Кембле го постигна голот за победа во 62.минута.
Табела: 1. Канада 25, 2.САД 21, 3. Мексико 21, 4. Панама 17, 5. Костарика 16, 6. Салвадор 9, 7. Јамајка 7, 8. Хондурас 3.