Top Sport

Канада со „паненка“ до победа над Јапонија

Канадската фудбалска репрезентација имаше совршена подготовка за Светското првенство, победувајќи ја Јапонија со 2:1 на пријателски меч, последен тест пред стартот на Мундијалот.

Јуки Сома ги донесе Јапонците во водство по само девет минути игра, но Канада израмни преку Стивен Виторија во 21. минута. Кога се мислеше дека двете репрезентации со реми ќе се подготвуваат за првите мечеви од групите, беше досуден пенал, а Лукас Кавалини успеа да ја донесе победата со гол со „паненка“.

Канада е во групата Ф на Мундијалот во Катар со Хрватска, Белгија и Мароко, додека Јапонија e во исто толку тешката група Е со Германија, Шпанија и Костарика.

Scroll to Top