Top Sport

Канаваро го напушти кормилото на Кина по само два меча

Прославениот италијански фудбалер, Фабио Канаваро не е повеќе селектор на репрезентацијата на Кина. Ја напушти клупата на Кина по само два меча кои ги загуби со идентични 1-0.

Паралелно со селекторската функција, Италијанецот работи и како тренер на тимот Гвангжу Евергранде.

Тој како причина за заминувањето од Кина наведува дека сака повеќе време да е со семејството.

„Со почит за Кина која е голема земја, чувствувам дека е неопходно да се повлечам од чело на репрезентацијата. Позицијата додека работев на две места ме остави без време за моето семејство“ напиша Канаваро на социјалните мрежи.

Како негов наследник на клупата на репрезентацијата се споменува името на Марчело Липи кој еден период се наоѓаше на кормилото на Кина.

Scroll to Top