Утринава во страшна сообраќајка во Турција загина чешкиот фудбалски репрезентативец, Jосеф Шурал, а шестмина негови соиграчи од тимот на турскиот клуб Аланијаспор се повредени.
Комбето во кое се превезувале фудбалерите излетало од патот на три километри пред влезот во Аланија.
Тимот на Аланијаспор играше вчера против Кајзериспор во првенството на Турција вчера.
Заедно со Шурал во комбето биле и Стивен Кокер, Демба Папис Сисе, Баијано, Џалма, Ајзак Секи и Велингтон.
Повредените фудбалери завршиле во болница, а на Шурал иако му биле направени неколку операции, им подлегнал на повредите.