Top Sport

Канаваро: Сонувам да бидам селектор на Италија

Фабио Канаваро открил дека има голема желба еден ден да ја предводи како селектор репрезентацијата на Италија.

Канаваро ка капитен во 2006 година беше предводник на националниот тим на Светското првенство кога Италија ја освои титулата. Истата година Канаваро ја доби престижната награда „Златна топка“.

Поранршниот фудбалер на Парма, Интер, Реал Мадрид…тренерската кариера ја започна во Кина (Гуангжу), потоа работел во Ал Наср, Тијан и повторно во Гуангжу. Тој е актуелен селектор на Кина.

Покрај клупата на Италија, во иднина тој би сакал да го предводи и Реал Мадрид.

„Кога размислував да започнам со тренерската кариера во главата си замислував дека еден дек ќе ги водам Италија и Реал Мадрид. Морате да размислувате за големи работи. За мене остварување на сите сништа би било кога би станал селектор на Италија или кога би го предводел Реал“, рекол Канаваро.

Scroll to Top