Top Sport

Терим го сака Манџукиќ во Галатасарај

Марио Манџукиќ, поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец со недели се поврзува со трансфер во европска екипа, а најчесто се пренесува информацијата за негова преселба во Турција.

Тренерот на Галатасарај, „императорот“ Фатих Терим со титулата најугледен тренер во земјата инсистира за Манџукиќ да го засили редовите на Галата.

Турските медиуми денеска пишуваат дека Галатасарај е упорен во намерата Манџо да го облече дресот на овој клуб.

Засега, според информациите, претставува Колумбиецот Радамел Фалкао кој е на продажба.

Доколку Галата добро заработи од трансферот на Фалкао, Терим ќе тргне посилно по Манџукиќ.

Хрватскиот фудбалер кој го засили катарски Ал-Духаил се пожалил на слабата лига и изразил желба што побргу да се врати во Европа.

Галатасарај има рекордни 22 титули првак на Турција.

Scroll to Top