Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед, Андреј Канчелскис беше лут што руската фудбалска федерација решила да игра пријателски меч со Босна и Херцеговина, нешто што предизвика реакција кај првите ѕвезди на БиХ, Един Џеко и Миралем Пјаниќ.
Русија (и Белорусија) е суспендирана од УЕФА и ФИФА поради војната во Украина и е исфрлена од натпреварувањата во организација на двете федерации, но смее да договара пријателски мечеви.
„Нема потреба да ја праќаат репрезентацијата на Босна и Херцеговина, бидејќи Русија не треба а се срамоти пред нив. Не сакате да играте со нас? Тогаш не е потребно да играте со нас. Навистина грдо однесување поради политиката. Ако се плашат од нас, воопшто нема потреба да играме. Русија мора да престане да се понижува и да оди на ниво на Босна и Херцеговина. Која е поентата? Да играме против Аргентина, против Меси. Или против Колумбијците или Бразилците“, вели Канчелскис.
Џеко и Пјаниќ не сакаат да играат на пријателскиот меч против Русија