Крилото на Интер, Антонио Кандрева ги „загреа“ надежите на Манчестер јунајтед дека можат да го добијат во блиска иднина, откако призна дека „би сакал“ да направи трансфер во Премиер лигата.
30-годишниот Кандрева вели дека тестот надвор од неговата татковина би бил одличен, иако додава дека квалитетот на Серија А е во пораст.
„Би сакал да одам во Премиер лигата бидејќи тоа е исклучително натпреварување. Би сакал да се обидам. Серија А оваа година покажува дека не е само тешка лига, туку има и доста забавни натпревари. Мислам дека италијанскиот фудбал станува сè подобар и тоа ќе го покажеме во Европа“, вели Кандрева.
Тој во моментов се обидува со „нераѕурите“ да го донесе скудетото, но Интер се на третото место со 9 поени зад Наполи по лошата низа на крајот на годината. Сепак, тој има само одлични зборови за новиот тренер на клубот, Лучано Спалети.
„Спалети има навистина високо ниво. Среќен сум што во овој дел од кариерата работам со него и мислам дека станав подобар играч. Тој сака да работи на мотивацијата, постојаноста и концентрацијата. Со него секогаш учиш нешто ново“, додава Кандрева.