Top Sport

Кандрева: Конте го „препороди“ Интер, но и мојата кариера

Антонио Кандрева го пофали тренерот на Интер, Антонио Конте дека го „препородил“ клубот од Милано, но и неговата кариера.

32-годишниот Кандрева изгледаше како „вишок“ во тимот на „нераѕурите“ ова лето, но Конте го постави да игра на десното крило  и тој вели дека влијанието на поранешниот италијански селектор е огромно

„Оваа сезона е сосема поинаква приказна за Интер. За мене тренерот е важен исто колку што е важен и целиот тим. Видовме во првите неколку месеци како ни помогна да го кренеме нивото и да бидеме конкурентни и дома и на гости. Антонио е клучен човек и сега мораме да продолжиме вака, да го следиме по неговиот пат“, вели Кандрева.

Scroll to Top