Ветеранот на Сампдорија, Антонио Кандрева се извинил на тренерот Клаудио Раниери и неговите соиграчи во обид да ја спаси кариерата и да добие шанса повторно да заигра за клубот од Џенова.
33-годишниот Кандрева, кој во Самп е на позајмица од Интер, беше изоставен од двата меча пред Нова Година поради своето „некоректно и непрофесионално“ однесување и може да го очекува финансиска казна, но и можност клубот да го прекине неговиот договор.
Кандрева е обврзан со Сампдорија во тригодишен период за 1.2 милиони евра по сезона, а „нераѕурите“ не сакаат да го вратат во Милано и можат да загубат 2.5 милиони евра доколку договорот му биде прекинат. Интересно, Кандрева и Раниери имаат ист агент, Федерико Пасторело, кој е повикан во обид да ја смири ситуацијата.