Top Sport

Хабиб е првата УФЦ „светска ѕвезда“ на „Би-би-си“

УФЦ шампионот во лесна категорија, од неодамна пензионер, Хабиб Нурмагомедов се заблагодари на наградата „светска спортска ѕведа“ која „Би-би-си“ му ја додели пред имиња како Леброн Џејмс.

Ова е само уште еден доказ дека ММА спортовите и посебно УФЦ добиваат на престиж откако претходно овие награди обично беа резервирани за фудбалери и тенисери. Тој ги победи американскиот голфер Дастин Џонсон, скокачот со стап Арманд Дуплантис и фудбалерката Венди Ренард за првпат еден фајтер да ја добие наградата по боксерската легенда Ивандер Холифилд во 1996 година.

Дагестанецот оваа година во октомври го совлада Американецот Џастин Гетџи за да добие 29-0 скор и да објави дека се повлекува од спортот, неколку месеци по смртта на неговиот татко и ментор, Абдулманап Нурмагомедов.

„Оваа награда ми значи навистина многу. Во спортот секогаш голема мотивација е да се признаат твоите остварувања“, напиша Хабиб.

Scroll to Top