Играчот од средниот ред на Црвена звезда, Гелор Канга ќе мора да се појави пред Африканската фудбалска федерација (CAF) поради истрагата што е започната пред две години и да се обиде да докаже дека не го фалсификувал изводот на родените. Фудбалерот од Габон тврди дека е роден 1990 година, но проблемот е што постои документација која докажува дека неговата мајка починала четири години порано.
Исто така, обвинителството тврди дека Канга воопшто не е роден во Габон, туку во Демократска Република Конго и дека се викал Киаку-Киаку Кианга.
Тврдењата дека Канга е постар отколку што изгледа и дека воопшто не е тој за кој се претставува, постојат со години. Поради него, Конго пред две години побара Габон да биде исфрлен од Африканскиот куп на нации, тврдејќи дека Габон ги прекршил правилата на ФИФА, бидејќи за нив играл фудбалер со лажни документи.
Канга од 2020 година го одработува вториот мандат во Црвена звезда, чиј играч беше од 2016 до 2018 година, односно трансферот во Спарта Прага. Претходно играше за Мангаспорт, Мисиле, Муана и Ростов од каде пристигна во Белград.
Тој игра како офанзивен играч за врска и е под договор со Звезда до крајот на сезоната 2024/25.