Top Sport

Кањизарес: Не сум работел со полош тренер од Роналд Куман

Роналд Куман е главна тема во Каталонија. Јавноста бара негова смена, првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, засега не се решава на таков потег. Барса е втор клуб во Шпанија на чија клупа седи Куман. Пред десет години тој неславно замина од Валенсија.

Интересно, кога Куман, во 2020 година беше именуван за тренер на Барселона, неколку поранешни играчи на Валенсија, јавно рекоа дека тој е лош тренер. Прв тоа го кажа поранешниот капитен на валенсија Давид Албелда, потоа Хоакин и Карлос Марчена.

Нините зборови ги потврди и голманот Сантијаго Кањизарес.

„Бранев во Валенсија 10 години, во тој период соработував со осум различни тренер. Куман е најлошиот од нив. Не знаеше како да го води тимот, ниту знаеше да донесе вистински одлуки. Не знаеше да ни објасни што бара од нас и што не го чекува на теренот. Беше очаен и во физичката подготвка на тимот“, рекол Кањизарес.

Куман во Барселона неколку пати потенцирал дека играчите не ги разбираат неговите тактички замисли и дека тимот не е доволно физички подготвен. Холанѓанецот 13 месеци е тренер на Барселона.

„Куман е лош човек и лош тренер“

Клетвата на Албелда од 2014 година го стигна Куман

Scroll to Top