Претендентите на шампионската титула во Бундес лигата, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд забележаа убедливи победи во 15 коло.
Баерн го пречека Вердер на „Алијанц“ стадионот во Минехн. Гостите од Бремен го постигнаа првиот гол на мечот преку рашица во 24 минута, а потоа примија шест гола. Блексаше Фелипе Кутињо со хет-трик, два гола постигна Левандовски, а меѓу стрелците се запиша и Милер.
„Милионерите“ од Дортмунд лесно минаа на гостувањето во Мајнц. Ројс постигна гол во првото полувреме, а во второто победата од 4:0 ја запечатија Санчо, Азар и Шулц.
Јирген Клинсма и во вториот меч како тренер на Херта забележа победа. Тимот од германската престолнина со голот на Дарида го совлада Фрајбург.
Келн им нанесе пораз на Баер Леверкузен со головите на Кордоба и Борнаув. „Фармацевтите“ мечот го завршија со двајца фудбалери помалку.
Натпреварот помеѓу Падерброн и Унион Берлин заври без победник 1:1.