Top Sport

Кансело: Дури и Џорџо Кјелини сака да е како Роналдо!

Жоао Кансело вели дека сите во Јувентус сакаат да бидат како Кристијано Роналдо и дека дури и ветеранот Џорџо Кјелини е „зафатен“ од фамата околу португалската суперѕвезда, која за 100 милиони евра дојде од Реал Мадрид во „старата дама“ ова лето.

Роналдо имаше спор старт на сезоната, но во последните 10 меча ја врати формата со седум гола и со своите 33 години уште поставува стандард на професионалност и посветеност на тренинзите и натпреварите, со што според Кансело, уште едно летно засилување за Јуве, се крева нивото на целиот тим.

„Сите во Јувентус го гледаат Кристијано Роналдо како одличен пример. Сите сакаат да се како него,  дури и најискусните како Кјелини. Тој е неверојатен фудбалер, работи напорно и е вистински пример за сите нас“, вели 24-годишниот Кансело за „Тутоспорт“.

Кансело, кој има петгодишен договор со Јуве вреден 40 милиони евра, признава дека подоцна во кариерата би сакал да се врати во татковината.

„Бенфика? Сега сум во еден од најдобрите клубови на светот, но уште ми недостауваат 60-те илјади фанови на ’Естадио да луж’“, признава Португалецот.

Scroll to Top