Top Sport

Златан „удри“: Премиер лигата е преценета, замислете што ќе им направев да имав 25 години

Златан Ибрахимовиќ, кого шпекулациите повторно го поврзуваат со враќање во Италија, поточно во Милан, вели дека Премиер лигата е најпреценетата лига на светот, но е задоволен со настапите за Манчестер јунајтед.

Швеѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ летото 2016 година како слободен агент и на 35 години имаше 28 голови за „ѓаволите“, вклучувајќи ги победничките голови во Комјунити шилд и ЕФЛ купот. По ова следуваше тешката повреда на коленото и кам-бекот, пред во јануари да замине во Америка за настап во Лос Анџелес галакси.

„Имав долга кариера пред да дојдам во Англија, во различни земји, различни клубови. Луѓето ми велеа дека не морам да одам во Англија бидејќи ако не успеам таму постојано ќе зборуваат дека не сум доволно добар. Тоа ме мотивираше и ми даде адреналин. Ја сакав Премиер лигата и беше мотивирачки – добиваш огромно внимание, но квалитетот е малку преценет, посебно индивидуалниот. Ритамот е на високо ниво, и ако не успееш да го следиш, тогаш нема да бидеш успешен“, оценува Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ исто така цени дека бил бил вистинска ѕвезда да се преселел порано во Англија.

„Горд сум што играв за Јунајтед, бидејќи тоа беше вистинскиот клуб. Победувавме пред да се повредам и секогаш ќе имам убави спомени и ќе бидам поврзан за клубот засекогаш. Навивачите се неверојатни и тоа беше важен момент во кариерата. Им кажав и кога бев таму дека имаа среќа што не дојдов на 25 години, бидејќи којзнае што ќе им направев“, додава Ибра.

Фото: ЕПА

Scroll to Top