Top Sport

Кансело ги пакува куферите, оди во Ал-Хилал

Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело во наредните денови ќе го напушти Манчестер сити. Кансело и минатата сезона не беше во клубот, ја мина на позајмица во Барселона.

Пеп Гвардиола го исфрли Кансело од тимот поради одредени несогласувања. Пред да и биде позајмен на Барселона, една полу сезона мина на позајмица во Баерн.

Гвардиола, односно Манчестер сити до крајот на преодниот рок ќе се ослободи од Кансело. Ал Хилал, најсилниот тим во Саудиска Арабија испратил понуда за Португалецот. Тами тренер е сонародникот на Кансело, Жорге Жесус. Дресот на Ал-Хилал го носат Нејмар, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ…

Манчестер сити ќе заработи 35.000.000 евра, што е за 30.000.000 помалку од цифрата што клубот му ја плати на Јувентус за пред пет години.

Scroll to Top