Ден по завршувањето на преодниот рок, во кој на „Еихад“ го договорија трансферот на Хулијан Алварез од Ривер плејт, Манчестер сити го продолжи договорот со левиот бек, Жоао Кансело.
Португалецот во Сити пристигна во 2019 година. Тогаш Јувентус и Сити си разменија играчи, Данило замина во Торино, а Кансело се пресели во Манчестер.
Минатата и оваа сезона, Кансело е еден од најдобрите играчи на Манчестер сити. Поради тоа клубот му понуди, а тој ја прифати понудата да го продолжи договорот до јуни 2027 година.
Португалецот за Сити, досега има одиграно 67 натпревари, на кои постигнал три гола.
He's staying! ?
We are delighted to confirm Joao Cancelo has signed a two-year contract extension! ✍️#ManCity
— Manchester City (@ManCity) February 1, 2022