Обвинителите во Париз потврдија дека фудбалерот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте поднел тужба својот поранешен агент поради измама и нарушување на доверливост.
Францускиот репрезентативец тврди дека Нуари Кијари се обидел да го измами и нелегално се однесувал како спортски агент. Според весникот „Л’Екип“, Канте се запозал со Кијари преку своите пријатели и роднини и почнале да работат заедно во јули 2016. Бргу настанале тензии и Канте една година подоцна го прекинал партнерството, плаќајќи му 150.000 евра на Кијари.
„Л’Екип“ тврди дека неговиот поранешен соработник ги заддржал сите копии од договорот и подоцна му барал повеќе пари. Кијари исто така се обидувал да го убеди Канте да се пресели во Реал Мадрид летото 2018.
„Бев премногу добар. Сакав да верувам во искреноста и честа на овој човек. Но, очигледно, тој беше движен само од финансиска корист“, изјави Канте за „Л’Екип“.
Веста доаѓа неколку дена откако француските медиуми објавија дека некој му се заканувал на Кијари со пиштол, иако Канте демантираше дека има некаква врска со тоа.