Нголо Канте, спротивно на медиумските шпекулации, нема намера да го напушта Челси. Францускиот репрезентативец медиумите најчесто го поврзуваа со трансфер во Интер.
Канте, минатата сезона не беше стандарден кај Френк Лампард, најмногу поради повредите, поради што започнаа шпекулациите дека тој ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Играчот од редот за врска во Челси се пресели во 2016 година, откако со Лестер сензационално ја освои титулата во Премиер лигата. Наредната сезона го повтори истиот успех со Челси на чија клупа седеше Антонио Конте.
Лампард сериозно сметал на Канте во наредната сеозна, во која Челси ќе влезе со големи амбиции.
Клубот потроши многу пари во преодниот рок за ангажман на Хакин Зијеш, Тимо Вернер, Бен Чилвел и Каи Хаверц, додека без обесштетување во Челси пристигнаа Тијаго Силва и Маланг Сар.