Top Sport

Лаутаро добива нов договор и дупло поголема плата

Интер на својот напаѓач Лаутаро Мартинез му нуди нов договор и значително покачување на платата. Аргентинецот речиси цела сезона се поврзува со трансфер во Барселона, меѓутоа Каталонците немаат пари да да го исплатат Интер.

Италијанските медиуми објавија дека Лаутарто добил понуда од клубот да го продолжи договорот до 2025 година. Доколку го потпише новиот договор Интер ќе му ја покачи платата за 50 отсто. Според актуелниот договор напаѓачот со бонусите во Интер годишно заработува 3.000.000 евра.

Scroll to Top