Top Sport

Канте не сака да си замине од Челси

Н’Голо Канте не планира да замине од Челси и покрај интересот на Интер и Антонио Конте, кој никогаш не ги криел симпатиите кон 29-годишниот Французин.

Канте бил подготвен да го одбие овој привлечен договор и да остане во Челси поради тоа што се навикнал на животот во Лондон и покрај сезоната полна со повреди на „Стемфорд бриџ“. Френк Лампард неодамна му ја даде капитенската лента на Канте на пријателските мечеви по повредата на Цезар Азпиликуета.

„Се работи за неверојатен фудбалер и постојано го кажувам тоа. Верувам дека ќе биде со нас долго време и јас сум презадоволен од него“, изјави неодамна Конте.

Конте е заинтересиран за Канте откако работеа заедно во Челси од 2016 до 2018, кога ја освоија последната титула од Премиер лигата.

Scroll to Top