Top Sport

Јуре и Јања Облак победија на „Охрид треил“

Јуре и Јања Облак, татко и ќерка од Словенија се победници на првото издание на планинарска трка „Охрид треил“ која се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.

Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49)

Во склоп на „Охрид треил“ се одржа и мала трка на 35 километри. Во машките најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а помеѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.

Scroll to Top