Top Sport

Канте во канџите на криминалци

Играчот на Челси Нголо Канте поради измама поднел тужба против својот поранешен менаџер Нури Каири. Со поднесувањето на тужбата Канте се спасил да биде целосно покраден од Каири.

Француските власти потоа покренале истрага откако во јавноста се појавиле информации дека на Канте и неговиот менаџер Абделкарим Дуис им се заканувале со пиштол за да ја прекинат соработката.

Настанот се случил во март 2017 година, поради компензацијата од 4,8 милиони евра за Каири.

Дел од парите барал и Рашид Садн и неговиот брат Хасан.

„Мојот брат имаше пиштол но не го крена на Канте. Паметно реагираше, не сакаше да заврши со насилство. Му даде можност да бира“, рекол Рашид.

„Ти давам можност да бираш. Престани да соработуваш со други. Не се шегувам, реши го проблемот или Карин Дуис ќе биде убиен. Точка“.

Канте по повод овој случај на француските медиуми им се обратил преку својот адвокат. Тој ги отфрлил наводите дека му се заканувале.

„Сметам дека вашите прашања се претенциозни. Јас сум професионален фудбалер, не живеам во светот на криминалците. Мислите дека сум незрела личност, но да знаете јас сум одговорен и само јас ги носам моите одлики и правам избори. Тоа го правам чесно“.

Интересно откако Канте во 2018 година Канте го продолжил договор со Челси, Дуис и Садн ја поделиле провизијата.

Scroll to Top