Top Sport

Доживотна суспензија за кошаркарот кој претепал судија (Видео)

Кошаркарот на Тирана Бруно Далиу е доживотно суспендиран откако на натпревар претепал еден од судиите.

Најпрвин судијата на Далиу му доделил техничка грешка, поради што тој вербално го нападнал. Потоа настанал хаосот кога Далиу решил да го претепа судијата. Тој му задал неколку жестоки удари на судијата.

Останатите кошаркари на Тирана потоа се вмешале и го спасиле судијата.

Кошаркарскиот сојуз на Албанија поради овој тежок инцидент му изрекол доживотна суспензија на кошаркарот на Тирана.

Scroll to Top