Француските генеалози (научници кои се занимаваат со откривање на семејното потекло) дошле до изненадувачко откритие дека папата Лав XIV и легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона всушност се далечни роднини, објави британскиот таблоид „Сан“.
Научниците тврдат дека Американецот Роберт Франсис Превост, кој пред две недели беше избран за нов поглавар на римо-католичката црква и го зеде името Лав XIV, бил по потекло од Франција.
Неговиот дедо е роден во Италија, од каде што емигрирал во Соединетите Држави.
Генеалозите успеале да го следат семејното дрво на папата до 1415 година. Папата и Кантона се поврзани преку брачната двојка Бертран Негрел и Луиз Жан, кои се венчале во 1566 година во Роквр, на југот на Франција.
Кантона има интересно семејно потекло. Одамна е познато дека негов далечен роднина е познатиот писател Алберт Ками, автор на романот „Странецот“.