Поранешниот француски репрезентативец Ерик Кантона, во четврток во Монако, ќе добие награда од претседателот на УЕФА со што ќе им се приклучи на претходните добитници Рејмон Копа, Јохан Кројф и Дејвид Бекам, објавија денес од Европсктата фудбалска федерација.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кариерата ја започнал во Оксер, а ја продолжил во Марсеј, Ним и Лидс.
53 годишниот Кантона е „награден не поради достигнувањата во кариерата туку карактерот да одбива компромис и да ги брани своите вредности“, рекол првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
По завршувањето на професионалната кариера, Кантона имал голем придонес во развојот на фудбалот на песок, а бил и актер во неколку филмови.
Наградата што ја доделува претседателот на УЕФА е востановена в 1998 година, таа им се доделува на „вистинските протагонисти“ кои учествувале во развојот на фудбалот. Минатата година наградата ја доби Дејвид Бекам.
Ерик Кантона наградата ќе ја прими в четврток кога ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите.