Top Sport

Кантона се враќа на „Олд Трафорд“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона (53) се враќа на „Олд Трафорд“. Англиските медиуми пишуваат дека се уште не е познато во која улога би можел најмногу да му помогне на клубот.

Се чини дека најблиску е до работата на промотор, што подразбира да носи навивачи на стадионот, секогаш да биде со тимот, како на мечевите, така и и на сите останати корисни акции на клубот.

Функцијата промотор во Јунајтед одреден период ја вршеа Немања Видиќ, Брајан Робсон и Денис Ирвин.

На клубот му е потребен човек кој има влијание врз оние кои плаќаат влезници.

Кантона со „мангупското“ однесување стекна обожавање кај црвениот дел од Манчестер, а како потпора на тоа го имаше и мајсторството со топката.

Дресот на „ѓаволите“ го носеше со огромен успех во периодот од 1992 до 1997 година.

Scroll to Top