Top Sport

Кантона украде чевел од човек што спиеше на аеродром! (видео)

Легендарниот Ерик Кантона покажа дека и на 54 години останал со истата (детска) смисла за хумор, откако на аеродромот во Куала Лумпур, Малезија му украде чевел на еден човек што спиеше.

И покрај тоа што ги остави копачките пред 21 година, Французинот покажа одлични вештини на нозете откако успеа да му го земе чевелот пред да истрча на терминалот, за на крајот да се пофали со тоа на Инстаграм со порака: „кошмар“.

Кантона стана икона на „Олд Трафорд“ освојувајќи четири титули од Премиер лигата во пет сезони со тимот.

 

View this post on Instagram

 

Nightmare! #kualalumpurairport

A post shared by Eric Cantona (@ericcantona) on

Scroll to Top