Фабио Капело воопшто не е изненаден од лошите резултати на Јувентус оваа сезона. Трофејниот тренер го убедувал Масимилијано Алегри да не се враќа во Торино.
„Го советував да не се враќа во Јувентус, му реков дека ќе биде само маска која ќе ги покрива проблемите. Фудбалерите не се на нивото на кое се очекува. Во структурата на Јувентус е да победува,. Сега вината ја префрлија на тренерот. Не е проблемот во тренерот“, рекол Капело.
Јувентус во првите 11 кола во Серија А има освоено само 15 бодови, дупло помалку од лидерите Наполи и Милан.