Top Sport

Капело: Лаутаро во Барса ќе „дреме“ на клупа

Лаутаро Мартинез не би имал сигурно место во стартниот состав на Барселона и затоа треба да остане во Интер засега, вели легендарниот италијански тренер Фабио Капело.

За потенцијалниот трансфер на Мартинез на „Ноу Камп“ постојано се шпекулира последниот месец, и Каталонците би му дале 10 милиони евра годишна плата. Но, во Барселона имаат доста опции во нападот со Лионел Меси, Луис Суарез, Усман Дембеле, Антоан Гризман и можниот повратник Филипе Кутињо, а се шпекулира дека повторно ќе се обидат да го донесат и Нејмар.

Токму затоа, поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид и англиската репрезентација, Капело вели дека е подобро да остане на „Меаца“ под Антонио Конте.

„Да бев на негово место ќе останев во Интер, бидејќи во Барса ќе биде само замена“, вели Капело во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Тој исто така зборуваше и за економското влијание на кризата со корона вирусот и смета дека шпанскиот фудбал ќе биде најпогоден и тоа ќе резултира со многу пониски цени за трансфери на фудбалери.

„Ми изгледа дека економски во Шпанија само Реал Мадрид нема да се уништени од кризата. Барселона и Атлетико ќе страдаат многу, а пазарот на играчи ќе биде целосно сменет. Апсурдните бројки до кои се стигнуваше ќе бидат минато. Ќе бидат потребни умни менаџери за да го поправат системот“, додава Капело.

Scroll to Top