Top Sport

Капело: Меси е гениј, Роналдо не е

Фабио Капело, ги коментирал настапите на најголемите ѕвезди во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Фудбалскиот свет најмногу го коментира хет-трикот на Кристијано Роналдо против Атлетико. Португалецот блескаше во вторникот, а во средата на сцена беше неговиот опонент од Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот го декласира Лион со два гола и две асистенции.

Капело никогаш не криел дека го цени Кристијано Роналдо, но дека е фан на Меси.

„Роналдо е фантастичен фудбалер, но Меси е гениј“, рекол за „Скај Спорт“, легендарниот италијански тренер и дополнил.

„Во светот на фудбалот постојат тројца генијалци: Пеле, Марадона и Меси. Роналдо е сјаје и ќе ви помогне да освоите се, но Меси е нешто поинакво. Се соочив со него кога имаше 16 години и бев вчудоневиден. Тој прави неверојатни работи. Роналдо од себе направи шампион, но Меси е гениј“, заклучил Капело.

Scroll to Top