Top Sport

УЕФА покрена постапка против Роналдо

Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо би можел да биде казнет поради непримерната прослава на голот, во осмина-финалето против Атлетико Мадрид.

Португалецот го имитираше тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој на првиот меч со гест покажа дека има „големи м….а“.

Италијанските медиуми објавија дека УЕФА ќе покрене истрага и доколку истата утврди дека прославата на голот била наменета за навивачите на Атлетико, тогаш тој би можел да биде суспендиран на еден натпревар.

„Го направи истото што го направив јас на Ванда Метрополитано. Сакаше да го покаже големиот карактер на Јувентус“, рекол Симеоне по мечот, нагласувајќи дека Роналдо е најдобриот играч во светот.

За својата прослава на голот Симеоне од УЕФА доби парична казна од 20.000 евра.

Scroll to Top