Top Sport

Капело објасни зошто Лукаку е невидлив во Премиер лигата

Легендарниот Фабио Капело, за „Фудбал Италија“, објаснил зошто Ромелу Лукаку се мачи во тимот на Челси, откако минатата сезона го предводеше Интер до шампионската титула во Серија А.

Челси платија 113.000.000 евра за Лукаку минатото лето. Белгиецот не успеа да се наметне како лидер во нападот. Минатиот викенд против Кристал Палас го одигра најлошиот меч во кариерата, во текот на целиот меч имаше само седум допири со топката.

„Лукаку совршено се вклопи во стилот на Конте во Интер. Играта на контранапади му оставаше многу простор на теренот. Физички е силен, а кога ќе му се остави простор тој беше доминантен против дефанзивците во Серија А“, рекол Капело.

„Челси не игра на таков начин. Челси игра со многу додавања, што му го намалува маневарскиот простор на Лукаку. Исто така во Англија дефанзиците физички можат да му се спротивстават“, заклучил Капело.

Лукаку, оваа сезона во Премиер лигата, има постигнато само пет гола.

Scroll to Top