Top Sport

Капело: Срамно издание на Јувентус

Милан го победи Јувентус со 3:0, во 35.коло. „Старта дама“, на три кола до крајот се наоѓа на петтото место во Серија А и наредната сезона може да остане без Лигата на шампиони.

По катастрофата, дел од вината за поразот и за резултатите оваа сезона презеде тренерот Андреа Пирло, за кого италијанските медиуми тврдат дека во среда ќе добие отказ.

„Срамно издание на Јувентус. Не постоеја на теренот во првото полувреме. Немаа идеа, исто им се случи и минатиот викенд против Удинезе. Милан го одиграа своето, едноствно и без многу филозофија. На Јувентус му недостигаше агресивноста“, рекол славниот Фабиот Капело и потоа удрил по Јувентус и Милан и идеата да бидат дел од Суперлигата.

„И едните и другите имаа толку неточни додавања во првото полувреме. Она што го видов ме натера да се запрашам дали се доволно добри да играат во Суперлигата“.

Scroll to Top