Фабио Капело, за „Скај Спорт Италија“, го коментирал учинокот на Италијаните, во средата, во Лигата на шампионите. За најдобар го прогласил напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, а за најлош судијата Даниеле Орсато.
„Чиро Имобиле е најкомплетниот италијански напаѓач. Тој е класична „деветка“, може да игра сам во нападот, но и со еден или двајца напаѓачи крај себе“, рекол Капело, а потоа го критикувал судијата Орсато, кој беше главен на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ (1:3).
„Она што го судеше на „Олд Трафорд“ беше вистински кошмар. На разбирам како можеше да му покажа картон на Фред? Го казни за прекршок кој не постоеше. Не можам да го разберам тоа“.
Играчот на Манчестер јунајтед, Фред, поради два жолти картон пред време го заврши натпреварот со ПСЖ. По неговото исклучување играчите од Париз постигнаа два гола.