Top Sport

Капитенот Џагиелка по 12 сезони си заминува од Евертон

Капитенот на Евертон, Фил Џагиелка ќе стави крај на 12-годишниот престој на „Гудисон парк“ по крајот на договорот, потврди дефанзивецот на социјалните мрежи.

36-годишниот ветеран, кој дојде во Евертон од Шефилд јунајтед во 2007 година, имаше 385 настапи и 19 гола во сите натпреварувања за клубот од Ливерпул.

„Тешко беше да се потврди мојата ситуација во клубот, но за жал патот завршува тука по 12 фантастични сезони во кои имав среќа да настапам повеќе од 380 пати и да бидам капитен шест години. Можам само да се заблагодарам на сите фудбалери со кои играв, на претседателот на клубот и секако, на фантастичните навивачи“, напиша Џагиелка.

Тој оваа сезона имаше само 7 настапи во Премиер лигата под водство на Марко Силва, во сезона во која Евертон заврши на осмото место на табелата со 54 поени.

Scroll to Top