Top Sport

УФЦ: Хабиб се враќа во октагонот на 7 септември против Поаире

Хабиб Нурмагмедов ќе го има својот кам-бек во октагонот 11 месеци по победата над Конор Мекгрегор, откако УФЦ федерацијата потврди дека тој ќе се најде во рингот со Американецот Дастин Поаире во септември.

Хабиб беше суспендиран до 6 јули по мешаницата која се случи на претходниот мега-дуел со Мекгрегор, но сега УФЦ официјално потврди дека тој ќе ја брани својата титула против преодниот шампион Поаире, кој го победи Макс Холовеј на УФЦ 236 во април по пет рунди за да стане првиот предизвикувач. Поаире има низа од пет победи во УФЦ.

Мекгрегор потајно се надеваше на реванш за поразот во октомври во четири рунди, по кој следуваше хаос во Лас Вегас по тепачката меѓу двата тима. Покрај Мекгрегор, друг потенцијален противник на Нурмагомедов беше Тони Фергусон, како и Доналд Серон.

Дуелот ќе биде главен меч на УФЦ 241 во Абу Даби.

Scroll to Top