Top Sport

Капитенот Гачевски заминува од Вардар

Капитенот на Вардар Филип Гачевски по пет години го напушта клубот. Гачевски од Вардар ќе замине како слободен играч.

Гачевски во Вардар пристигна во 2015 година од Брегалница. Со „црвено-црните“ освои три шампионски титули, а беше и дел од тимот кој го избори историскиот пласман во групната фаза во Лига Европа.

Голманот кој 117 пати го бранел голот на Вардар преку својот профил на „Фејсбук“ се збогува со клубот и навивачите.

фото/fkvardar.mk

Scroll to Top