Top Sport

Капитенот има желба да го напушти Реал

Капитенот на Реал Мадрид, Марсело, му порачал на Флорентино Перез дека сака да го напушти клубот.

Договорот на Марсело истекува на крајот од сезоната, клубот нема намера да му понуди нов, поради што реална е опцијата Бразилецот да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Желбата на Марсело е да се врати во Флуминенсе, клуб во кој, во 2005 година ја започна кариерата.

Марсело 15 години го носи дресот на Реал, со клубот освоил 22 титули, меѓу кои четири во Лигата на шампионите и пет во првенството на Шпанија.

Scroll to Top